Ден на социјалните работници

10.06.2018 година

Почнуваме! 🎉

Нека ни е честит 10 јуни, Денот на социјалните работници во Македонија!

Здружението на социјални работници на Македонија, Здружението на социјални работници на град Скопје и Асоцијацијата на студенти по социјална работа подготвија информативни пораки за улогата на социјалниот работник во сите сектори на делување, со цел да ја разбиеме лошата слика за социјалните работници и да укажеме на важноста од нивното делување.

10.06.2019 ГОДИНА

10ти јуни е важен ден за социјалните работници и за социјалната работа како професија во Република Македонија. Одбележувањето на овогодешниот ден на социјиалните работници во Република Македонија фокусот беше врз професионалното согорување, управување со стресни ситуации и дискусии за новата социјална реформа.

Заеднички споделувавме ставови, искуства и примери од нашата професионална работа. Социјални работници, потребно е обединети да продолжиме со афирмација на социјалната работа – за достоинствена работа и почит кон професијата.

Благодарност до професорката Софија Арнаудова за поддршката, за ефективната работилница за професионално согорување и за поттикнување продуктивна дискусија.

Заедно и обединети во нови професионални достигнувања!
Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје
Асоцијација на студенти на социјална работа – АССР, Скопје
Здружение на социјални работници на Град Скопје – ЗСРС, Скопје

10.06.2020 ГОДИНА
Почитувани социјални работници/чки,

Ве известуваме дека поради светската пандемија предизвикана од вирусот Ковид-19, за жал после 62 години за првпат оваа година нема да се одбележи 10ти Јуни – Денот на социјалните работници на Република Македонија. Да се надеваме дека наредната година ќе продолжиме како и претходните години да го одбележуваме овој значаен ден за нас, социјалните работници/чки.
Ги поздравуваме сите социјални работници/чки кои и покрај оваа криза преземаа ризик и храбро продолжија да спроведуваат активности во интерес на корисниците и социјално ранливите категории. Истовремено, ги повикуваме сите социјални работници/чки да ги следат препораките за превенција и заштите од вирусот Ковид-19.

Нека ни е честит 10ти Јуни, Денот на социјалните работници на Република С. Македонија.