Март, месец на социјалната работа

 

МАРТ – МЕСЕЦ НА СОЦИЈАЛНАТА РАБОТА

Претседателот Гоце Прцуловски, заедно со други членови на ЗСРМ, присуствуваа на јавна расправа со став за поддршка и побрзо носење на Законот за социјална заштита.

Со Законот за прв пат се регулира системот на кариера во установите за социјална заштита и зголемување на сега многу ниските примања.
Најважно од се е што по некоја случајност оваа расправа се случува во месецот на социјална работа, каде со Законот им се дава важна улога на сите социјални работници/чки да конечно ја користат својата стручност квалитетно и во насока на реална помош на ранливите категории на граѓани.

 

19.03.2019 година

Здружението на социјални работници на Македонијa го честита Меѓународниот ден на социјалната работа и истовремено им порачува на сите социјални работници да продолжат со својата борба за искоренување на социјалните проблеми и подобрување на благосостојбата на ранливите категории кои ги застапуваат!

Да не заборавиме дека само обединетоста може да ни помогне и во нашата борба за подобри
работни услови, уважување на професијата и зголемување на застапеноста на социјалните работници во сите сфери на нивното дејствување.