Социјална работа и попис

Социјална работа и попис – имаат ли нешто заедничко 06.12.2019 г.

На средбата на која учествуваа членови на ЗСРМ и ЗСР-Скопје, други социјални работници како и припадници на организации на лица со попреченост се разви конструктивна дебата, каде е донесен е заклучок дека социјалните работници може дадат голем придонес за реализација на успешен попис.

Врз основа на добиените податоци може да се креира соодветна социјална политика заснована на реални податоци за потребите на граѓаните и социјално ранливите категории и нивните потреби за користење на права и услуги. Исто така, даден е прелог заеднички да се достави барање со факти до институциите кои се надлежни за вршење на попис, за вклучување на социјалните работници како најсоодветне профил за вршење на попис.