ПРОЕКТИ

ПРОЕКТИ

 

Подобрување на социјалните услуги преку интегрирано водење на случаи и супервизија на социјалната работа

https://casemanagement.mk/ 

Во 2019 година продолжена е соработката со УНИЦЕФ-МК и МТСП како главни партнери, кои и оваа година веруваа во капацитетите на ЗСРМ и повторно ни ја дадоа довербата за спроведување на активности кои се дел од социјалната реформа во државата, а со цел подигнување на нивото на професионалната социјална работа.

Проектот кој е финансиски подржан од УНИЦЕФ-МК се спроведува во три фази, а е започнат од септември 2019 година и ќе продолжи со спроведување и во 2020 година. Во 2019 година, ЗСРМ во соработка со МТСП и УНИЦЕФ-МК успешно ја спроведе првата фаза од проектот „Подобрување на социјалните услуги преку интегрирано управување со случаи и супервизија на социјалната работа“. Притоа, беа обучени 656 стручни лица од Центрите за социјална работа во Република Македонија и ЈУ Завод за социјални дејности за примена на методот на водење случај преку стандардни процедури за постапување во Центрите за социјална работа.

Целта е насочена кон враќање на социјалната работа како примарна дејност во Центрите за социјална работа, која за жал поради долгогодишна примена на лоша пракса е изгубена во системот на социјална заштита. Активностите се во согласно новиот Закон за социјална заштита од 2019 година и содејствуваат со мисијата, целите и задачите на ЗСРМ кое како струково здружение се залага за подигање на социјалната работа на повисоко ниво и за достоинството на социјалните работници/чки во системот на социјална заштита.

На почетокот од првата фаза, 16 професионалци од различни институции во системот на социјална заштита беа обучени за обучувачи за интегрирано управување со случаи. Беа подготвени сите документи за управување со случаи (прирачник, стандардни оперативни процедури и нова документација), план и редослед на активностите во рамки на обуките . Беа испечатени 700 примероци од материјалот за обука (600 на македонски јазик и 100 на албански јазик). Исто така, беше подготвена заедничка презентација, методологија за обука и списоци за оценување.

Во рамки на првата фаза од проектот се спроведоа обуки за примена интегрираното управување на случаи на околу 660 професионалци од сите 30 Меѓуопштински центри за социјална работа.

За втората фаза која започна од декември 2019 година, а ќе продолжи во 2020 година, обучени се 10 ментори како поддршка на водителите на случај во Центрите за социјална работа при примена на новата методологија за водење на случаи. Проектот продолжува да се спроведува во 2020 година.

Социјалните работници во акција за добри практики во реформираниот систем на социјална заштита

Проектот „Социјалните работници во акција за добри практики во реформираниот систем на социјална заштита (Локални рамки на сеопфатно информирање, зајакното и партнерско вмрежување на чинителите на локалните зaедници во реформираниот систем на социјална заштита)“ финансиран од Европската Унија, се спроведуваше како дел од проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации“, во соработка и со поддршка на Македонското здружение на млади правници, Фондацијата за развој на локалната заедница, Коалицијата Сите за правично судење и Данскиот совет за бегалци.

Времетраењето на Проектот беше во текот на целата 2019 година (јануари, 2019 -декември, 2019).
Општата цел беше унапредување на социјалната работа во реформираниот систем на социјална заштита со поддршка на локалното концептуализирање на социјалната заштита и социјалните услуги, преку сеопфатно информирање, зајакното и партнерско вмрежување на чинителите на локалните зедници, согласно новиот Закон за социјална заштита на Република Македонија. Проектните активности се спроведуваа во Градот Скопје и во градови на 8те плански региони на Република Македонија.

Главните целни групи и директните корисници на проектот спаѓаа во следниве категории: 1) Носители на социјалната заштита/даватели на социјални услуги на системот на социјална заштита (на локално ниво) – вработените професионалци и социјални работници во: општините (локалните самоуправи), во општинските центри за социјални услуги, во центрите за социјална работа, граѓанските организации. 2) Корисници на социјални услуги во системот на социјална заштита: општа популација-локално население во социјален ризик и изразена потреба од користење на социјална услуга на локално ниво (во рамки на зедницата во која живеат).

Проектот придонесе кон унапредување на социјалната работа и доброто управување во секторот на социјална заштита, во почетниот период кога се донесе новиот закон за Социјална заштита и се реформира системот на социјална заштита. 

Особено овозможи солидна основа на информираност, зајакното и партнерско вмрежување на чинителите на локалните зедници за обезбедување на социјална заштита и социјални услуги. Всушност, постави основа врз која можат понатаму да се планира и спроведува соодветна социјална заштита и социјални услуги на локално ниво за крајните корисници-локалното население во социјален ризик.

Вовед во методот на интегрирано водење на случаи

Проектот се спроведе од септември до декември, 2018 година. Со финансиска поддршка од УНИЦЕФ и УНДП, во рамки на проектот, од страна на ЗСРМ спроведена е првата обука за водители на случаи (case management). Вкупно беа обучени 805 стручни работници. Од нив, 595 се професионални работници од 30 центри за социјална работа и 169 стручни лица од центрите за вработување од Република Македонија – АВРМ.

 Останатите 41 се од други институции (невладини организации, Црвен крст, центри за социјални услуги поддржани од Канцеларијата на на ГИЗ, како и стручни лица од Заводот за социјални дејности и Министерството за труд и социјална политика. Поради добрата соработка и стекната доверба кон институциите и донаторите, обуките за Интегрирано водење на случаи и супервизија во социјалната работа, согласно новиот Закон за социјална заштита, почнувајќи од месец август 2019 година и во текот на 2020 година продолжува да ја спроведува ЗСРМ.