ПРОФИЛ НА ЗСРМ, Скопје

ПРОФИЛ НА ЗСРМ, Скопјe

Име на граѓанското здружение

Здружение на социјални работници на Македонија Скопје (ЗСРМ Скопје)

Association of Social Workers of Macedonia, Skopje (ASWM, Skopje)

Адреса

Ул. „11ти Октомври“ бр. 42 а Скопје

E-mail

[email protected]

Facebook

facebook.com/rzsrrm

Линкедин

National Association of Social Workers Of Macedonia

Лице за контакт

Гоце Прцуловски, претседател на ЗСРМ, Скопје

Тип на организација

Здружение на граѓани (Струково здружение)

Година на основање

23.04.1958

ЕДБ

4103912

КОИ СМЕ НИЕ?

Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ од Скопје е доброволно, непрофитабилно, невладино, непартиско здружение на граѓани што е формирано со слободно здружување на социјалните работници заради остварување заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење дејности и активности од областа на социјалната политика и социјалната заштита на територијата на Република Северна Македонија и пошироко.

НАША ВИЗИЈА:

Социјално праведно општество во кое социјалните работници се двигатели и моќна сила на социјалниот развој и благосостојбата.

НАША МИСИЈА:

Промовирање и афирмирање на професијата социјален работник/социјална работничка преку континуиран развој и почитување на професионалните стандарди и практики што водат кон предводење, поттикнување и лобирање за позитивни општествени промени и правда.

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 1

Мобилизација и мотивирање на членството на социјалните работници и професионалците во системот на социјална заштита

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 2

Афирмација на социјалната работа и социјалната заштита. Подигнување на нивото на професионални стандарди во професионалната социјална работа и во професионалната социјална заштита

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 3

Соработка и вмрежување во национални и меѓународни организации од областа на социјалната работа и социјалната заштита, создавање на партнерства и мрежи

СТРАТЕШКА ЦЕЛ 4

Развој и истражување во областа на социјалната работа и социјалната заштита

Вредности

Социјална работа – професионална дејност на социјалните работници чија примарна цел е да го подобри социјално функционирање и целокупната благосостојба на поединци, семејства, групи и заедници во нашето општество.

Социјална заштита – Примарна цел на социјалните работници е да помогнат и да го поддржат секој поединец, семејство, групи и заедници кои се наоѓа во состојба на социјален ризик, се соочуваат со социјален проблем, да се справат со нив и истите да ги надминат.

Социјална правда – Социјалните работници се справуваат и помагаат во справувањето со социјалната неправда.

Достоинство и вредност на личноста – Социјалните работници го почитуваат инхерентното достоинство и вредност на секоја личност.

Интегритет – Социјалните работници секогаш делуваат на доверлив начин (се професионалци од доверба).

Професионалност и компетентност – Социјалните работници делуваат и работат во рамките на своите области на компетентност и ја развиваат и унапредуваат својата професионална стручност.