ЗА НАС

ЗА НАС

1.Историјат на Здружение на социјални работници – ЗСРМ, Скопје

Здружението на социјални работници на Македонија, Скопје (ЗСРМ, Скопје) за прв пат е основано во 1958 година. Формирањето го започнале ентузијастите од првата генерација на поранешната Школа за социјална работа во поранешна Југославија, на денот кога дипломирале – 10ти јуни. Тој ден до ден денес го прославуваме како Денот на социјалните работници на Македонија. Во периодот од 1958 до 2018 година над 3 000 професионални социјални работници (повеќето од нив носители на академски титули и функции во државни органи и институции) беа вклучени во активностите на здружението, неговото формирање и развој. Во одреден период бил објавен весник со наслов „Социјална политика“ како билтен во кој биле содржани стручно-теориски теми и биле споделувани информации од праксата на социјалната работа.

Здружението на социјални работници (претходно познато како Сојуз на социјалните работници) броеше 23 општински здруженија, имаше свое собрание кое функционираше со голем број претставници и делегати на општинските здруженија Исто така, имаше извршни тела и раководно тело составен од Извршниот совет, каде што беше избран Претседателот. Во исто време, активностите беа организирани на доброволен ангажман, без вработени, каде што ентузијазмот беше главен носител и двигател на сите активности и достигнувања. Социјалните работници со одлична љубов, експертиза и компетентност ги реализираа програмските цели и задачи во овој период.

Со новиот Закон за здруженија и фондации, мрежата на Сојузот е разформирана; локалните здруженија продолжија да се менаџираат како посебни правни лица, како и Сојузот, кој е пререгистриран во Здружението на социјални работници на Македонија. Локалните здруженија престанаа со работа, со исклучок на ЗСР – Скопје, ЗСР – Велес и ЗСР – Охрид, кои сè уште се активни.

Здружението на социјални работници на јубилејната прослава на 30-годишнината од своето постоење, во 1988 година издаде многу успешна публикација за социјална работа во Македонија со почитувани вредности и затоа доби признание со Орден за заслуги и Златен венец. Од оваа публикација, исто така, произлегува и Кодексот на професионалната етика на социјалните работници, кој е ревидиран неколкупати во согласност со современите трендови. Оваа година, ЗСРМ се ревидира и ќе го реиздаде Кодексот во современа форма. Исто така, во 2018 година ЗСРМ ја прослави својата јубилејна шеесет годишнина од постоењето.

Од своето постоење, Здружението спроведува бројни активности во контекст на својата заложба за унапредување на социјалната политика, социјалната заштита и пред сè на социјалната работа како професионална дејност. Во рамките на поранешна Југославија, Здружението на социјални работници беше домаќин и организатор на бројни конференции и активен учесник на конференции организирани на територијата на поранешна Југославија, како и на балкански и светски конференции.

Од целокупната работа на ЗСРМ, најпрепознатливо и највидливо останало долгото и големо искуство во организирање и спроведување на обуки, работилници и фокус групи поврзани со социјалните прашања и вработување. Во архивата има убедливо разработен број од над 150 реализирани професионални програми и проекти наменети за стручно оспособување и надградување на социјалните работници, па дури и друг персонал вработен во системот на социјална заштита во земјата. Повеќето од обучените лица се социјални работници, вработени во Центрите за социјална работа (ЦСР), но исто така имало вработени во областа на економијата, здравствената заштита и другите социјални активности. Во рамките на Здружението на социјални работници, активностите се поделени во овие стручни групи и се реализирале преку 200 професионални програми.

ЗСРМ 2017
Во периодот од ноември 2017 година откако е извршен реизбор на раководните органи до денес, успеавме да го подигнеме нивото на ЗСРМ на друг, надграден, модерен начин на функционирање. За краток период успеавме да станеме видливи и препознатливи во социјалниот сектор и институциите и да изградиме стратегија насочена кон јакнење на капацитетите на Здружението да се препознае како струково Здружение на социјалните работници. Активностите кои се одвиваа повторно, како и минатата година, беа во насока на организирање на обуки и тематски работилници од областа на социјалната заштита за социјалните работници. Првично, во 2017 година со подршка на УНДП организирана е обука на тема – улогата на социјалниот работник при заштита на жртвите од семејно насилство, каде присуствуваа на 70 учесници. ЗСРМ Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, ЈУ Завод за социјални дејности, Центри за социјална работа, институции од областа на социјалната заштита, но и во соработка со невладини организации, организира, но исто така учествува во обуки за професионално зајакнување на социјалните работници / членови на ЗСРМ.
ЗСРМ 2018
Во 2018 година, обезбедено е градење на вештини и знаења на професионални социјални работници / ЗСРM членови во:
Обука за градење на вештини и знаење на професионалците од Центрите за социјална работа при обезбедување услуги и заштита на ЛГБТ – ранлива група (корисници и корисници на социјална помош и нивните семејства во областа на системот на социјална заштита) – во соработка со субверзивен Фронт;
Учество во активности на проектот „Развивање на систем за прибирање на податоци и следење на состојбата со насилството врз децата“ организирана од La Strada / Отворена порта.
Тековни работилници за пишување на предлог проекти и креирање на проектни буџети;
Со финансиска поддршка од УНИЦЕФ и УНДП од страна на 32 обучувачи од ЗСРМ спроведена е првата обука за водители на случаи (case management) на 900 стручни лица од Центрите за социјална работа и Агенициите за вработување на национално ниво, како и стручни лица од Заводот за социјални дејности и Министерството за труд и социјална политика. Поради добрата соработка и стекната доверба кон институциите и донаторите, обуките за Интегрирано водење на случаи и супервизија во социјалната работа, согласно новиот Закон за социјална заштита, почнувајќи од месец август 2019 година и во текот на 2020 година продолжува да ја спроведува ЗСРМ.
ЗСРМ 2019

Види Годишен извештај за работата и активностите на ЗСРМ за 2019 година (линк до документот)

ЗСРМ 2020
Види https://casemanagement.mk/

Организациска структура на ЗСРМ, Скопје

СОБРАНИЕТО  е највисок орган на Здружението. Собранието го сочинуваат сите членови, а се одржува најмалку еднаш годишно. Право на глас во Во моментов ЗСРМ брои: 140 членови

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО се избира од страна на Собранието на редовна седница во согласност со одредбите од Статутот и Деловникот за работа на Собранието. Кандидат за Претседател може да предложи секој од членовите на Собранието, а за избран се смета оној кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број на присутни членови на Собранието.

ИЗВРШНИОТ ОДБОР управува со Здружението. Членовите на Извршниот одбор се избираат од редот на членовите на Собранието, со просто мнозинство гласови од вкупниот број на присутни членови.

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО  се избира од членовите на Извршниот Одбор и ги има следните задачи:

подготвува материјали за седниците на Извршниот одбор и Собранието,

непосредно извршува одлуки на Извршниот одбор,

го организира и води севкупното тековно работење на Здужението и се грижи истото да се врши во согласност со Законот, овој Статут и други општи акти,

врши организационо-технички работи

ПРОЕКТНИ ТИМОВИ се избираат од членовите на ЗСРМ:

Составени се од Раководители на проекти и Асистенти на проекти

ЧЛЕНСТВОТО во Здружението

Секој активен член на Здружението ги има следниве права и обврски:

  • редовно да плаќа чланарина утврдена согласно правилник и со истата се согласува во негово име да се плаќа членство во други организации во кои членува Здружението,
  • дава личен придонес во остварувањето на целите и задачите на Здружението,
  • да биде избиран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението и да придонесува во развојот и унапредувањето на Здружението,
  • активно да учествува на состаноци, средби, обуки, студиски посети во други држави и други активности согласно Статутот,
  • активно да учествува во органи, групи, комисии и други управни тела кои ги формира Здружението, согласно Статутот,
  • да дава иницијатива за разгледување и решавање на одделни прашања во доменот на социјалната работа, социјалната заштита и социјалната политика,
  • да ги спроведува одлуките на Управниот Одбор,
  • да биде претставник на Здружението во други организации, и да го претставува Здружението на домашни и меѓународни настани,
  • да присуствува и активно да учествува на седниците на Здружението,
  • да ги почитува нормите на професионална етика,
  • да придонесува во афирмацијата на професијата социјален работник,
  • да биде вклучен во проекти,
  • да биде известуван за работата на органите на Здружението.

3.ДОКУМЕНТИ НА ЗСРМ, Скопје

СТАТУТ (upload)

ПРАВИЛНИЦИ (upload)

СТРАТЕГИЈА (upload)

ПРОГРАМА (upload)