(Networking Corners) – World Cafè Караван на социјални работници

Јуни – Октомври, 2019

Oрганизиравме четири средби (во четири избрани општини од четири плански региони) за вмрежување на локално ниво, насловени “World Cafe Караван на социјални работници“. Истите се спроведоа во просториите на: ЕЛС Општина Неготино, ЕЛС Општина Куманово, АВРМ-Центар за вработување, Берово и ДХО „Даре Џамбаз“ Скопје.

Учесници беа чинители од општините на четири плански региони:

– Вардарски Регион: Неготино и Кавадарци
– Источен Регион: Берово и Пехчево
– Североисточен Регион: Куманово и Крива Паланка
– Скопски Регион: Аеродром, Центар, Шуто Оризари, Кисела Вода.

ЗСРМ, Скопје со оваа активност и со континуираното застапување на социјалната работа, се јави како фактор на вмрежување на локално ниво во наведените плански региони во обезбедувањето на социјална заштита на локално ниво.