Панел дискусии „Реформи во системот на социјална заштита- Локални рамки“

2019 ГОДИНА

Панел дискусии „Реформи во системот на социјална заштита- Локални рамки“

Јануари – октомври, 2019
Одржавме четири панел дискусии во четири града (Скопје, Охрид, Штип и Куманово) во четири плански региони во Македонија (Скопски, Источен, Југозападен и Североисточен плански регион).

Преку панел дискусиите се остварија следните цели:

1) Ја промовиравме улогата и потребата од стручна социјална работа и ангажирање на стручниот профил на социјални работници и на локално ниво.

2) Обезбедивме соодветно информирање на јавноста (локални власти, ГО, локалното население, општата јавност) за реформите во системот на социјалната заштита и новиот Закон за социјална заштита.

3) Обезбедивме промоција и информации за работата и активностите на ЗСРМ, Скопје.

4) Развивме дискусии, фокусирани на: новините во системот на социјалната заштита, прашања и одговори за новиот Закон за социјална заштита, проблемите со кои се соочуваат локалните населенија во социјален ризик (општо и специфично за секој регион) во поглед на пристапот до социјални услуги и социјалната заштита; предлози за тоа како да се подобрат социјалните услуги и социјалната заштита во целост; користење на нови пристапи во вклучување на граѓанските организации и локалните зедници во обезбедувањето на социјалната заштита и социјалните услуги на локално ниво, за „најдобрите практики“ на соработка.