Поставување на патокази на социјалната заштита и социјалните услуги на локално ниво

Поставување на патокази на социјалната заштита и социјалните услуги на локално ниво (во контекст на социјалната работа и реформите во системот на социјална заштита)

Јануари – октомври, 2019

Ова беше поопсежна активност, спроведена во неколку фази: секундарно прибирање и обработка на податци (desk research), спроведување на интерјуа со чинители во локално ниво и спроведување на фокус групи со претставници на здруженија на граѓани како чинители на локално ниво.

До ЕЛС на 34 општини, од сите плански региони, проследивме барање (добивме одговор од 27 ЕЛС општини) за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Истите информации беа рамка за дизајнирање на прашалник за интервју и водич за дискусии во фокус групи, според кои спроведовме интервјуа со локални чинители во системот на социјална заштита и фокус групи со здруженија на граѓани од четири плански региони: Скопски, Вардрарски, Источен и Североисточен.

Со систематизација, вкрстување на податоците добиени од овие три фази, добивме квантитативни и квалитативни оцени за горенавединте прашања и истите ги преточивме во три инфографици:

Инфографик 1- „ Социјална заштита на локално ниво!?“

Инфографик 2 – „Што подразбира реформираниот систем на социјална заштита?“

Инфографик 3- „Како до успешна и интегрирана социјална заштита на локално ниво?“